Лебедов Остров (поранешен остров)![]() Лебедов Остров или Остров Макерел — поранешен остров на реката Сена во Париз. Се наоѓал во северозападниот дел од 7-миот арондисман, помеѓу Универзитетската улица и реката Сена, Домот на инвалиди и Марсовото Поле. Денешниот Музеј на Кеј Бранли се наоѓа на него. Бил образуван со спојување на островчињата познати како Треј, Ил о Ваш, Ил Макерел, Ил де Жерузалем и Ил де Лонгшан, и бил споен со левиот брег на Сена кон крајот на 18 век. ИсторијаДабова пирога, откриена во август 1806 година за време на поставувањето на темелите за Пон д'Иена (мост Иена), се сметало дека е нормански брод кој датира од времето на опсадата на Париз во 885/86 година, иако некои научници веруваат дека можеби датира од првиот век пр. н. е., од племето Секани.[1][2] Во 13 век, селаните од Шајо, на спротивниот брег, имале право да го пасат својот добиток на островот Макерел, во замена за стоков надомест на опатијата Сен Жермен де Пре.[3][4] Правото на напасување чинело 20 ливри во 1492 година, а се искачило на 27 ливри во 1551 година.[5] Во 1572 година, тука биле погребани 1.200 жртви од масакрот на Денот на Свети Вартоломеј.[6][7] Островот бил преименуван во Лебедов Остров според лебедите пуштени таму со кралски указ од 16 октомври 1676 година.[8] Гард-сињите (чуварите на лебедите) биле задолжени да се грижат за нив „од мостот Сен-Клу до Сен-Мор и Корбеј“ во текот на зимата.[9] Куќата на чуварите на лебедите била попишана во кралските градби.[10] Островот бил и складиште за мермер на Министерството за јавни работи. Кралот конечно му го отстапил островот на градот Париз на 21 март 1722 година.[11] Околу 1731 година на островот се вршела обработка на дрво, се сечеле трупци и се складирало за огрев, столарија или поправки на чамци.[12][13] Во тоа време, островот бил поврзан со левиот брег на својот источен крај преку „Лебедовиот мост“[14] или „Црвениот мост“. Жан-Жак Русо се шетал по островот.[15] На 20 јуни 1773 година биле потпишани патентни писма со кои му се дозволило на градот Париз да го пополни каналот што го одделувал Лебедовиот Остров од квартот Гро-Кају,[11] а делумно пополнување на каналот е потврдено во 1780 година.[16] Во 1782 година, на островот имало фабрика за масло за ламби.[17] На 11 април 1786 година, со полициски указ било наредено „сите остатоци од говеда и овци да продолжат да се носат на Лебедовиот Остров за да бидат подготвени и зготвени според обичај“.[18] Во 1789 година, градот Париз ги најмил браќата Жак и Огистен Шарл Перие да постават мелници на островот за да го задоволат недостигот од брашно поради тоа што нивото на водата во Сена во зима било премногу ниско за да ги напојува нејзините воденици. Тие се состоеле од две парни машини со дванаесет погонски тркала, секое со пречник од 1,95 метри. Биле пушени во употреба на 30 ноември 1790 година во присуство на градоначалникот.[19] Во 1802-1803 година, американскиот пронаоѓач Роберт Фултон ги спровел своите опити за пловење со пареа од островот.[20] Во 1812 година, за време на изградбата на Пон д'Иена, остатокот од каналот бил пополнет.[21] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia