Леонард Шулце Јена
Леонард Шулце Јена (германски: Leonhard Schultze-Jena; 28 мај 1872 - 29 март 1955) — германски етнограф, зоолог и ботаничар, познат по истражувањата на Македонија на почетокот на XX век. ЖивотописРоден е во 1872 г. во Јена, Германија. Во 1903 година, тој заминал за колонијата што е денес територијата на Намибија[1] и до 1905 година, тој патувал низ територијата на денешна Јужна Африка и во 1907 година, ја издал книгата „Од Намаленд и Калахари“ (Aus Namaland und Kalahari). Во 1911 година, тој станал професор во Кил, а од 1913 година, на универзитетот во Марбург. Во 1927 година, Шулце го објавил делото „Македонија — предел и култура на живеење“ (Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder), издадена на македонски во 2013 година.[2][3] Шулце починал во Марбург во 1955 година. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia