Леонтија Порфирогенита
Леонтија (457 – по 479) — ќерка на византискиот цар Лав I. БиографијаЛеонтија била ќерка на царот Лав I и неговата сопруга Елија Верина. Таа била помлада сестра на Елија Аријадна, но, за разлика од неа, можела да тврди дека е порфирогенита, (родена во пурпур), бидејќи била родена во текот на првата година од владеењето на нејзиниот татко (457). Лав, се искачил на престолот поради воени заслуги и немал семејни врски со римската аристократија. Затоа го искористил бракот на своите ќерки за да ја зајакне својата положба: Аријадна била во брак со исаврскиот генерал Зенон а бракот на Леонтија имал за цел да го поврзе со другата компонента на војската, германската претставена од аланскиот магистер милитум Аспар. Сепак по објавувањето на бракот помеѓу синот на Аспар, Јулиј Патрициј, и Леонтија, избувнале народни немири (470): за свештенството и народот на Цариград, не било прифатливо Аријанец како Патрициј да добие можност да стане цар. Немирите престанале дури кога Аспар и Лав им ветиле на епископите дека Патрициј ќе се преобрати во православие пред да стане цар и дека потоа ќе се ожени со Леонтија. Во 471 година, Јулиј Патрициј исчезнува од хрониките откако неговиот татко Аспар и брат Ардабур биле убиени по наредба на Лав. Леонтија потоа се омажила за Маркијан, син на западниот цар Антемиј, со што бракот ги поврзал двете кралски куќи на Западот и Истокот. Сепак, во 472 година Антемиј починал и бил наследен од Олибриј, а со смртта на Лав во 474 година, Зенон дошол на престолот на Истокот. Соборени од двата престола, Маркијан и Леонтија заговориле бунт против Зенон во 479 година, кој се темелел на правото на Леонтија на предност пред нејзината сестра како порфирогенита но востанието било задушено. Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia