Лептоспироза
Лептоспироза (позната како полска треска,[1] глувчешка жолтица,[2] и осип на предната писка,[3] покрај другите имиња) е инфекција предизвикана од бактеријата во форма на спирала, наречена Лептоспира. Симптомите можат да бидат поблаги; главоболка, болка во мускулите и треска, и посериозни: крвавење од белите дробови или менингитис.[4][5] Ако инфекцијата направи човекот да пожолти, да му откажат бубрезите и да крвави, тогаш е позната како Вејлова болест.[5] Ако има обилно крвавење од белите дробови, тогаш болеста е позната како синдром на обилно белодробно крвавење.[5] Причинители и дијагнозаТринаесет различни генетски видови на Лептоспира можат да ја предизвикаат оваа болест кај човекот.[6] Се пренесува преку дивите и домашните животни.[5] Најчести животни кои ја шират болеста се глодачите.[7] Често се пренесува преку урината од животните или преку вода или земја што содржат животинска урина која дошла во контакт со отворените рани на кожата, очите, устата или носот.[4][8] Болеста најчесто се појавува во земјите во развој, кај земјоделците и сиромашните луѓе во градовите. ref name=McB2005/> Во развиените земји, најчесто се појавува кај оние кои се занимаваат со надворешни активности во топлите и влажни места.[4] Дијагнозата најчесто се поставува со барање на антитела против бактеријата или пронаоѓање на нејзина ДНК во крвта.[9] Превенција и лекувањеНапорите да се спречи болеста вклучуваат заштитна опрема со која ќе се спречи директен контакт при работа со потенцијално инфицираните животни, миење на рацете по контактот, и намалување на бројот на глодачи во местата за живеење и работење.[4] Сѐ уште не е јасна користа од антибиотикот доксициклин, за спречување на инфекцијата кај оние што патуваат.[4] Постојат вакцини за животни со одреден вид на Лептоспира, која може да го намали ширењето кај човекот.[4] Инфицираните се лекуваат со антибиотиците: доксициклин, пеницилин или цефтриаксон.[4] По лекувањето на пациентите со Вејлова болест и обилно белодробно крвавење, смртната стапка изнесува од 10% до 50%, по наведениот редослед.[5] ЕпидемиологијаОд седум до десет милиони луѓе годишно се заразени со оваа болест.[10] Не се знае точно бројот на смртни случаи предизвикни од болеста.[10] Болеста е најчеста во тропските делови од светот, но може да се појави и на кое било друго место.[4] Ширењето може да започне во сиромашните квартови од земјите во развој.[5] Вејл за првпат ја опишал болеста во 1886 година во Германија.[4] Некои од заразените животни немаат симптоми, кај некои се поблаги, а кај некои се посериозни.[6] Симптомите се различни за секое животно.[6] Кај некои животни Лептоспирата опстојува во органите за репродукција, која потоа се пренесува преку полов однос.[11] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia