Летна универзијада - 2009
XXV Летна универзијада — универзијада одржана од 1 до 12 јули 2009 во Белград, Србија. Церемонијата на свеченото отворање се одржа во Белградска арена, а настанот официјално беше отворен од страна на премиерот на Србија, Мирко Цветковиќ. На Универзијадата учествуваа околу 9.000 учесници од 145 земји, од кои околу 6.300 спортисти, кои настапија во 15 спортови во 461 дисциплина. Избор на град-домаќин
Процесот за избор на град-домаќин за Летната Универзијада во 2009 започна во 2004. Белград, заедно со уште Монтереј во Мексико и Познањ во Полска беа кандидати за град-домаќин на настанот. Предност на Белград му даваа настаните, кои во градот беа организирани во тековните неклку години, како европското првенство во кошарка во 2005, европското првенство во ватерполо во 2006 и европскиот малдински олимписки фестивал во 2007. Пред оваа успешна кандидатура, градот беше и кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри во 1992, кога беше елиминиран во третото коло од изборот и кандидатурата за нардените Летни олимписки игри во 1996, кога отпадна уште во првото коло од изборот.[1][2] Маскота![]() Маскота на Летната Универзијада во 2009 е врабец, бидејќи оваа птица е симбол на Белград. На конкурсот за име на врабецот, победи предлогот „Срба“, пред предлозите „Цврле“ и „Џивџан“.[3] СобиралиштаЛетна Универзијада во 2009 се одржа на 59 собиралишта во Белград, Земун, Панчево, Обреновац, Нови Сад, Смедерево и Вршац. Церемониите на отворање и затворање се одржаа во Белградска арена. Планот беше овие церемонии да се одржат на стадионот Црвена ѕвезда, но ова идеја не се оствари поради големите трошоци. Во Обреновац се одржаа натпреварите во ватерполо и одбојка, а во Панчево и Вршац во кошарка. Нови Сад и Инѓија, исто така беа домаќини на натпреварите во одбојка.[4] Универзитетско селоУниверзитетското село, во кое беа сместени спортистите се наоѓа во Нов Белград, на 15 км од аеродромот Никола Тесла и 6 км од центарот на градот и е изградена специјално за овој настан. „Селото“ го сочинуваат 14 објекти со 1.858 модерни станови, деловни и административни згради на површина од 15 ha. Секоја зграда во станбен простор е наречена по еден цвет. По заврѓшувањето на Универзијадата, становите веќе се во продажба. Во рамките на подготовките за Универзијада, беше раселено и нехигиенското население, од околината на кое се наоѓа Универзитетското село, само за да им се овозможат подобри услови на спортистите. Универзитетското село беше официјално отворено на 24 јуни 2009 година.
СпортовиКалендарВо продолжение е даден каленадрот со распоредот на натпревари на 25. Летна Универзијада.
Освојувачи на медали
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia