Лејтон Мариса Мистер (англиски: Leighton Marissa Meester;[1] роденa на 9 април 1986 година)[2] ― американска глумица, пејачка и модел. Позната е по улогата на Блер Валдорф во телевизиската серија Озборувачка (2007–2012). Мистер дебитирала на Бродвеј во драмската адаптација на „Глувци и луѓе“ (2014).
Покрај глумечката кариера, Мистер имала и успешна музичка кариера. Нејзиниот прв студиски албум, Heartstrings, бил издаден во 2014 година. Таа исто така се занимавала со манекенство и била заштитно лице на брендовите Jimmy Choo, Herbal Essences и Vera Wang.
Живот и кариера
Лејтон Мистер е родена на 9 април 1986 година[2] во Форт Ворт, САД. Нејзината мајка била писателка, а татко ѝ бил брокер за недвижнини.[3] Во моментот на нејзиното раѓање, родителите на Мистер одлежувале казна во федерален затвор поради нивната вмешаност во наркокартел кој шверцувал марихуана од Јамајка во САД.[4] Поради финансиски потешкотии, семејството често се селело, а Лејтон детството го поминала претежно во Њујорк и Флорида. Уште од мала покажала интерес за глума и музика при што била дел од училишни театарски претстави.[5] Нејзините родители се разделиле во 1992 година.[6]
Мистер на филмскиот фестивал „Трибека“ во 2008 година.
1999–2006: Почетоци на кариерата
Мистер дебитирала како глумица во 1999 година во една епизода од „Закон и ред“.[7] Првата филмска улога ја имала во Клетвата на обесениот (англ. Hangman's Curse) (2003). Глумела во серијата Тарзан, која имала осум епизоди. Следеле улоги во неколку серии како: Entourage, Вероника Марс,Преминувајќи го Јордан, 8 едноставни правила, Седмо небо и 24.[5]
Во 2006 година, Мистер се појавила во два филма, Flourish и Inside. Исто така, гостувала во сериите Броеви,Доктор Хаус,Истрага на местото на злосторството: Мајами[8] и Ајкула. Ја играла главната женска улога во хорор-филмот Drive-Thru, за кој ја снимила песната „Inside the Black“.[9]
2007–2013: Озборувачка и музичка кариера
Мистер во 2009 година
Во 2007 година, Мистер добила улога во тинејџерската серија Озборувачка. Нејзината глума на ликот Блер Валдорф била пофалена од критичарите. Серијата завршила по шест сезони и 120 епизоди.[10] Мистер подоцна глумела во телевизискиот филм The Haunting of Sorority Row[11] и имаше улога во ансамблот комедија-драма филм Запомни го замавот.[12] Во 2008 година се појавила во хорор-трилерот Killer Movie и ја повторила улогата во Entourage пеејќи со Тони Бенет во епизодата.[13]
Во 2009 година Мистер потпишала договор за снимање музика со Universal Republic.[13] Првиот официјален сингл на Мистер, "Somebody to Love", во кој соработувала со R&B пејачот Робин Тик, бил објавен на 13 октомври 2009 година.[14][15] Снимила преработка на песната „Christmas (Baby Please Come Home)“ за компилацискиот албум A Very Special Christmas 7.[16][17]
Мистер потоа глумела во: трилерот „Цимерка“ и во тинејџерската комедија Монте Карло. Нејзиниот последен филм од 2011 година, The Oranges бил премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.[19]
Во 2012 година глумела во комедијата Тоа е моето момче.[20] Филмот добил претежно негативни критики[21]и бил номиниран за осум награди „Златна малина“.[22]
2014–2017: деби на Бродвеј и прв музички албум
Во април 2014 година, комедијата во која глумела Life Partners бил премиерно прикажан на Филмскиот фестивал „Трибека“. Мистер дебитирала на Бродвеј во сценската адаптација на романот „Глувци и луѓе“ од Џон Стајнбек.[23] Таа потоа се појавила заедно со Роберт Дауни, Џуниор, Роберт Дувал и Вера Фармига во филмот Судија во режија на Дејвид Добкин, кој беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.[24] Местер потоа се појавила во Like Sunday, Like Rain, играјќи ја девојката на пејачот од Green Day, Били Џо Армстронг.[25] За овој филм освоила награда за најдобра глумица на фестивалот на независен филм во Вилијамсбург во 2014 година.[26] Таа била заштитно лице на колекцијата есен/зима 2014 година на францускиот бренд Naf Naf.[27]
На 9 септември 2014 година, било објавено дека нејзиниот прв албум, Heartstrings, ќе биде издаден независно преку нејзината сопствена издавачка куќа, Hotly Wanting, на 28 октомври 2014 година. Музичкото видео за истоимената насловна песна „Heartstrings“ било објавено на 29 октомври.[28]
Во 2015 година, Мистер тргнала на турнеја за поддршка на албумот. Истата година, се појавила во реклами за малезискиот моден бренд Џими Чу.[29] Во март 2016 година, била избрана во хумористичната серија Making History.[30] Серијата била откажана по една сезона од девет епизоди.[31]
2018–сега: Гостински улоги и The Buccaneers
Во јануари 2018 година, Мистер била дел од актерската екипа за снимањето на филмот Семпер Фи,[32] кој бил објавен во октомври 2019 година.[33] Мистер глумела во Самохрани родители на ABC чија премиера била во септември 2018 година [34] и била откажана по две сезони.[35] Во 2018 година, Мистер имала гостинска улога во Последниот човек на Земјата[36], а во 2019 година глумела во епизода од серита Орвил.[37][38] Повторно глумела во епизода од истата серија во 2022 година.[39]
Во 2022 година, повеќепати гостувала во серијата „Како го запознав татко ти“,[40] глумела во трилерот Викенд во Хрватска[41] и го позајмила гласот во анимираниот филм Змејот на мојот татко.[42] Потоа глумела во филмот EXmas (2023).[43] Во октомври 2024 година било објавено дека ќе се приклучи на актерската екипа на The Buccaneers за втората сезона.[44]