Лисина (планина)
Лисина е планина од вулканско потекло, која се наоѓа на подрачјето на општината Мркоњиќ Град и Општината Шипово. Нејзин највисок врв, Бандира, се наоѓа на височина од 1.467 метри. Благодарејќи на геолошката градба, се одликува со голема биоразновидност на растителни и животински видови. Во досегашните истражувања откриени се и опишани преку 1.000 растителни видови, околу 1.500 видови на печурки,[1] пет вида на риби, по десетина вида на водоземци и влекачи, 29 вида на цицачи и 107 птичји видови. Пронајдени се и околу 360 извори на питка вода кои претставуваат значајни водени ресурси во локални рамки.[2] На нејзиниот врв се наоѓа планинарскиот дом, а на падините на планината неколку села од мркоњиќката општина. Во подножјето на Лисина, во близина на селото Подрашница, се наоѓа излетиштето Зеленковац.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia