Ли Харви Освалд
Ли Харви Освалд (18 октомври 1939 — 24 ноември 1963) — американски маринец, кој спрема заклучоците на двете владини истраги, е осомничен за извршување на атентат на Џон Кенеди, претседател на Соединетите Американски Држави на 22 ноември 1964. ЖивотописЛи Харви Освалд е роден во Њу Орлеанс во сојузната американска држава Луизијана, два месеци по смртта на неговиот татко. Уште како дете, Освалд често упаѓаше во невољи, затоа што спрема тврдењата на психијатарот бил емоционално пореметена личност. Освалд бил исфрлен од училиште и се придружил на морнарскиот корпус на САД. Потоа пребегал во СССР, каде што барал државјанство, но бил одбиен. Во 1962 се вратил во САД со сопругата Марина, државјанка на СССР и нивната ќерка. Во јуни 1962 Освалдовците се селат во Форт Ворт во Тексас. Во октомври истата година Ли Харви се вработува во тексашка книжарница во Далас. АтентатНа 22 ноември 1963 снајперист од шестиот кат на спомната зграда испукал три куршуми кон колоната на автомобили во кој бил и американскиот претседател Џон Кенеди, при кои смртно го ранил истиот и го повредил тексашкиот гувернер Џон Конолиј. По еден час Освалд е приведен во сала на локално кино. Освалд е исто така оптужен за убиство на полицаецот Џ. Д. Типит, кој е убиен многу брзо по убиството на Кенеди. На 24 ноември, кога полицијата го водела од градскиот затвор во окружниот затвор Освалд, пред телевизиските камери, смртно бил ранет од Џек Руби и тоа во средина на толпа полицајци и новинари. Руби, сопственик на ноќен клуб во Далас, тврдел дека бил избезумен од убиството на престедателот. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia