Локум
![]() Локум – слатки од нишесте, брашно, шеќер, ореви и друго.[1] Во повеќето случаи локумот се ароматизира со розова вода или лимон. Во некои рецепти се додаваат и ореви, лешници, ф’стаци и др. Вообичаено локумот се сече на парчиња во облик на квадар или коцка. Парчињата се посипуваат со шеќер во прав или кокосово брашно. Локумот е омилен десерт во арапските земји, како и во Турција, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Кипар. Рецепт[2]Потребни состојки:
За декорација
Во длабок сад (тенџере или длабока тава) во половина од водата и сокот од лимон се растопува шеќерот на тивок оган со постојано мешање. Кога ќе се растопи шеќерот се засилува огнот шербетот да врие сè додека не образува меки меури. Во друг длабок сад се става преостанатата вода со калиумот и пченкарниот скроб. Се вари на умерен оган со постојано мешање сè додека смесата не стане густа и леплива. Се трга од оган и се додава шербетот, па се вари на тивок оган околу 1 час, малку да порумени. Се додава розовата вода и бојата и се остава да се олади најмалку 5 часа. Мешавината за декорација се сее на смесата, се сече на коцки или квадари и парчињата се валаат во мешавината од шеќер во прав и скроб од пченка. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia