Марија Долорес Гонсалес Флорес 6 мај1958(1958-05-06) (67 г.) Мадрид, Шпанија
Занимање
пејачка и глумица.
Марија Долорес Гонсалес Флорес позната како Лолита (родена на 6 мај1958 година во Мадрид) — шпанска глумица и пејачка. Таа е ќерка на Лола Флорес и Антонио Гонсалес. Нејзините сестри се Антонија Флорес и Росарио Флорес. Била во брак со Гилермо Фуриаза, од кој брак има две деца, Елена и Гилермо[1].
Флорес ја започнала својата кариера во раните 1970-ти со издавањето на албумот Amor, amor. Во 1975 година, таа постигнала успех во нејзината родна Шпанија, како и во земјите од Латинска Америка. Нејзините песни „Sarandonga“, „Lo voy a dividir“ и „Si la vida son dos días“, меѓу другите, станале хитови на шпанските радија[2].
Во 2002 година, таа ја освоила наградата Гоја за најдобра нова глумица за нејзиниот настап во филмот Rencor. Флорес се појавила и во повеќе телевизиски емисии како Directísimo и Hostal Royal Manzanares. На 18 февруари2019 година, таа ја добила наградата Medalla de Oro al Mérito en las Bellas Artes[3] .
Флорес е со ромско потекло од страната на нејзиниот татко и се идентификува како Ромка.