Лолобурмански јазици
Лолобурмански јазици — огранок на синотибетските јазици застапен во Бурма (Мјанмар) и јужна Кина. ИмињаСè до околу 1950 г. ендонимот лоло се пишувал со потценувачки кинески знаци и затоа напати се одбегнувал. Шафер (1966–1974) го користел поимот „бурмански“ (Burmic), што го направила и кинеската наука, именувајќи ја групата мјен-ји (што исто така значи „бурмански“).[1] Можни јазициПоложбата на наските јазици (мосо) во рамките на семејството е нејасна, и честопати се остава како трета гранка, покрај лолојската и бурманската. Лама (2012) ги смета за огранок на лолојските, додека Гијом Жак предлага дека се работи за ќаншки јазик. Јазикот пју, кој му претходел на бурманскиот како главен јазик во Бурма, понекогаш се поврзува со лолобурманското семејство, но нема достатни докази за да може да се класификува, и затоа најдобро се води како некласификуван во рамките на синотибетските јазици. Меѓутоа, се смета дека некласификуваниот јазик мру поверојатно е во сродство со лолобурманските јазици. Јазикот пајланг, за кој има сведоштва уште од III век е лолобурмански, можеби од лолојската група. Надворешни односиГијом Жак и Алекси Мишо (2011)[2] се застапуваат за бурмоќаншки огранок со две главни подгранки — на-ќаншка (т.е. наси-ќаншки) и лолобурманска. Слично на ова, Дејвид Бредли (2008)[3] исто така ја предлага источнотибетобурманската гранка, каде спаѓаат двете подгранки на бурманските (т.е. лолобурмански) и ќаншките јазици. Внатрешна класификацијаБредли (1997, наведен во Пејрос 1997) ја дава следнава класификација на лолобурманските јазици. Во смотрата на 36 јазици, Лама (2012) утврдува дека збирот на монѕиските јазици (монѕи–маанг, манци–моанг) се разидува. Не ги вклучува мру и угонг. Лама (2012) распознава 9 јасно одвоени групи во состав на лолобурманскиот огранок, додека пак Бредли смета дека постојат 5 групи (бурмански, јужен нгви, северен нгви, југоисточен нгви и централен нгви). ПоврзаноНаводи
Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia