Луис Енрике Мартинес
Луис Енрике Мартинес Гарсија (шпански изговор: [lwis enˈrike]; роден на 8 мај 1970), познат како Луис Енрике, е шпански поранешен професионален фудбалер, и актуелен менаџер. Разноврсен играч, со добра техника, тој бил способен да репродуцира во неколку различни позиции, но воглавно играл како играч од средниот ред или како напаѓач, и исто така бил препознатлив по својот темперамент и издржливост. Почнувајќи од 1991 година, а завршуваќи во 2004 година, тој настапувал за Реал Мадрид и Барселона со еднакви поединечни и тимски успеси, и одиграл повеќе од 500 официјални натпревари со постигнати повеќе од 100 гола. Тој ја претставувал репрезентацијата на Шпанија на три Светски Првенства и едно Европско Првенство. Луис Енрике започнал да работи како менаџер во 2008 година со Барселона Б , додека три години подоцна, се преселил во Рома. Во сезоната 2013-14 тој го предводел тимот на Селта Виго, пред да се врати во Барселона со која ја освоил тројната круна во неговата прва сезона и двојна во втората. Играчка кариера |
Portal di Ensiklopedia Dunia