Луковички манастир
Луковички манастир — манастир во непосредна близина на тетовското село Луковица, Општина Желино, Македонија. Манастирот е сместен над селото во дебела дабова шума на надморска височина од 1.046 метри. ИсторијаМанастирот првично бил изграден во 1962 година од страна на Стојанка Костоска, а повторно возобновен во 1995 година по иницијатива на месната заедница на селото Луковица и црковниот одбор на манастирот. Одлуката била да се сруши целосно стариот објект и бил изграден нов објект во 1995 година. Градбата била поддржана од жителите на селото Луковица, неговите иселеници, како и бројни претпријатија. Од 2014 година, имало иницијатива да се изградат манастирски конаци, и во текот на 2016 година траеле градежните зафати врз нив. ЦрквиЦрквата е единствената манастирска црква и е сместена на самиот влез во него, веднаш до манастирските конаци кои се во градба. Галерија
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia