Магаревски манастир
Магаревски манастир — поранешен манастир во атарот на битолското село Магарево.[1] Од манастирскиот комплекс, денес останата е само црквата „Св. Ѓорѓи““. Сегашната манастирска црква потекнува од 1871 година. Изграден е на западната страна од црквата „Св. Димитриј“ на растојание од околу 500 метри. По изградбата голем придонес дал внукот на Димитриј Бишта, по име Петро Бишта кој спровел и водовод, така што летото 1945 година свечено пред гостите од двете села, Магарево и Трново, тој ја пуштил чешмата и шадрванот во дворот кои и ден денес функционираат благодарејќи на верниците од селото. Манастирот функционирал како женски манастир. За време на Првата светска војна во реонот се воделе тешки борби и конаците на манастирот биле целосно разрушени и останал само манастирскиот храм.[2] Наводи
![]()
|
Portal di Ensiklopedia Dunia