Магдалена Антова
Магдалена Јорданова Антова (Куманово, 20 јуни 1920 - Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941) — македонска комунистика, учесник во НОБ. Таа е првата загината партизанка во НОАВМ.[1][2][3][4] ЖивотописАнтова е родена во Куманово на 20 јуни 1920 година. Таа како обична работничка шивачка била примена како член на СКОЈ во 1939 година.[5] Раководела со просветни групи и работела меѓу жените од селата на Кумановско. Учествувала во акциите што ги организирала КПЈ и СКОЈ во градот, непосредно пред војната. Во судбоносните денови на бугарската фашистичка окупација на Македонија, работела во подготовките за појавување на Првиот кумановски партизански одред.[6] По фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на Месниот комитет на КПЈ.[5] Била борец на Карадачкиот партизански одред (11-14 октомври 1941), кој на 11 октомври го кренале вооруженото востание на Македонскиот народ, во Куманово.[6] Нејзиниот одред по предавство бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица кај Белановце. Во битката Антова загинала заедно со повеќе нејзини соборци. Нејзината трагедија е во тоа што таа била издадена од сопствениот татко кој бил бугарофил. Поради овој настан и денес во Куманово се користи изразот „Антова несреќа“.[5] Во нејзина чест едно кумановско основно училиште го носи нејзиното име. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia