Магда Димовска-Попова

Магда Димовска-Попова ( 1887 во Војница1970 во Скопје) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Во НОД учествувала од 1941 година во селото. Нејзината куќа била на располагање на партиската организација и во неа престојувале илегалци. Прифаќала болни илегалци и борци и истите ги лекувала. Подготвувала храна за партизанските единици што се движеле на теренот околу нејзиното село. Земала на чување 2 мали деца, чија мајка била интернирана, иако била вдовица со 4 деца. Нејзината активност била насетена од бугарската полиција поради што честопати била малтретирана. Со ослободувањето на селото во 1944 година била избрана за член на претседателството на АФЖ.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1049.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya