Мадам Батерфлај
Мадам Батерфлај е опера во три чина (изворно два) од Џакомо Пучини. Италијанското либрето го напишале Лујџи Илика и Џузепе Џакоза. Се заснова на расказот од Џон Лутер Лонг - „Мадам Батерфлај“ (1898), кој пак се базира на приказните што му ги раскажувала неговата сестра Џени Корел и полуавтобиографската новела „Мадам Хризантем од Пјер Лоти (1887).[1][2] Според расказот на Лонг Дејвид Беласко напишал драма едночинка „Мадам Батерфлај: Јапонска Трагедија“, премиерно изведена во Њујорк во 1900 година, а летото, истата година и во Лондон, каде што Пучини ја гледал.[3] Изворната верзија на операта, во два дела, имала премиера на 17 февруари 1904 г. во Ла Скала во Милано. И покрај тоа што главните улоги ги изведеле звучни оперски пејачи како сопранот Розина Сторкио, тенорот Џовани Ѕенатело и баритонот Џузепе Де Лука, операта била лошо примена од публиката. Причина за ова, во одредена мера, е што Пучини предоцна го завршил ова дело, и немањето доволно време за проби. Пучини ја ревидирал операта, и го разделил вториот чин на два дела, и направил уште неколку други промени. По ова операта доживеала успех, почнувајќи со премиерата на обновената верзија на 28 мај 1904 г. во Бреша . [4] Верзии![]() Пучини напишал пет верзии на операта. Изворната верзија во два чина,[5] со светска премиера во Ла Скала на 17 февруари 1904 г., е повлечена по катастрофалната премиера. Тогаш Пучини всушност ја препишува, овој пат во три дела. Втората верзија [6] премиерно изведена на 28 мај 1904 година во Бреша, доживеала голем успех, со Соломија Крушелницка како Цио-Цио-сан. Во 1906 година, Пучини пишува трета верзија,[7] премиерно изведена во Метрополитен опера во Њујорк. Во 1907 година, откако Пучини направил неколку промени во оркестарските и вокалните партитури, објавена е и четвртата верзија,[8] а изведена во Париз. Во 1907 г., Пучини ги направил последните промени на операта (петта верзија),[9][10] која е позната како „Стандардна верзија“, и која најчесто се изведува ширум светот. Улоги
Содржина
Чин 1![]() Во 1904 година, американскиот поморски офицер Пинкертон изнајмува куќа на рид во Нагасаки, за себе и за својата идна сопруга „Батерфлај“. Вистинското име ѝ е Чио-Чио-Сан (јапонски збор за пеперутк ). Мадам Батерфлај е 15-годишна Јапонка, а Пинкертон сака да ожени со неа од интерес, и има намера да ја остави штом ќе си најде жена Американка, поради лабавите јапонски закони за развод. Свадбата треба да се одржи во куќата. Батерфлај е превозбудена што се мажи за Американец и затоа претходно тајно го прифаќа христијанството. По свадбената церемонија, нејзиниот непоканет вујко (будистички свештеник), кој разбрал за нејзиното покрстување, доаѓа во куќата, ја проколнува и им наредува на гостите да си заминат. Гостите си заминуваат и ја оговарајќи ја и одрекувјќи се од неа. Пинкертон и Батерфлај пеат љубовен дует и се подготвуваат за првата брачна ноќ. Чин 2По три години, Батерфлај го чека Пинкертон да се врати. Тој си заминал веднаш по венчавката. Слугинка на Батерфлај, Сузуки сака да ја убеди дека тој нема да се врати, но Батерфлај нејќе ни да чуе. Горо, брачниот посредник, кој ѝ го договорил бракот, се обидува да ја премажи, но за Батерфлај тоа не доаѓа предвид. Американскиот конзул, Шарплес, доаѓа во куќата со писмо кое го добил од Пинкертон, во кое тој бара да ѝ ја пренесе на Батерфлај веста дека Пинкертон се враќа во Јапонија. Батерфлај се возбудува од враќањето на Пинкертон и затоа Шарплес не може да го дочита писмото. Шарплес ја прашува Батерфлај што ќе направи ако Пинкертон сепак не се врати. Таа открива дека родила син од Пинкертон по неговото заминување и бара од Шарплес да му каже. Од куќата на ридот, Батерфлај го гледа бродот на Пинкертон како се закотвува во пристаништето. Таа и Сузуки се подготвуваат за неговото доаѓање, и чекаат. Сузуки и детето заспиваат, но Батерфлај останува будна цела ноќ чекајќи го да пристигне. Чин 3Следното утро се буди Сузуки, а Батерфлај конечно заспива. Шарплес и Пинкертон влегуваат во куќата, заедно со новата сопруга на Пинкертон, американката Кејт. Тие дошле затоа што Кејт се согласила да го одгледа детето. Но, кога Пинкертон ќе види како Батерфлај ја украсила куќата за неговото враќање, сфаќа дека направил огромна грешка. Признава дека е страшливец и не може да се соочи со Батерфлај, оставајќи ги Сузуки, Шарплес и Кејт да ѝ ја соопштат веста на Батерфлај. Мадам Батерфлај се согласува да се откаже од детето ако Пинкертон лично дојде да ја види. Потоа се моли пред статуите на нејзините древни богови, се збогува со својот син и му ги врзува очите. Му става американско знаменце во рацете и оди зад сцената, убивајќи се со сепуку ножот на татко ѝ. Пинкертон влетува, но предоцна е, Батерфлај умира. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia