Маж на изнајмување (теленовела)
Маж на изнајмување (шпански: Marido En Alquiler) е Американска теленовела од 2013 година од Телемундо. Серијата започна да се емитува на 10 јули 2013 година. Глумечката екипа е составена од Соња Смит, Марица Родригес, Хуан Солер и Габриел Коронел. СинопсисПо мистеризоното исчезнување на нејзиниот сопруг при една морска пловидба, Гриселда е подготвена да направи сè што е потребно за опстанокот на нејзиното семејство. Станува мајстор, врши работи невообичаени за една жена. Скромна и вредна, Гриселда е горда на својата работа, покажувајќи им на другите луѓе како со чесна работа и почитување на вредностите може да се обезбеди среќен и пристоен живот. Еден од нејзините синови стапува во врска со ќерката на Тереса Кристина, богата, елегантна и површна жена. Тереса е згрозена од самата помисла нејзината ќерка да се омажи за момче од пониската класа, па и покрај противењето од страна на нејзиниот сопруг Рејналдо, Тереса постојано изнаоѓа начини како да ги понижи Гриселда и нејзиниот син. Но, многу набрзо, животот на Гриселда целосно се менува, откако ќе освои поголема сума пари на игра на среќа. Улоги
|
Portal di Ensiklopedia Dunia