Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу '88“

Прва Македонска Алпинистичка Хималајска Eкспедиција „Манаслу '86“ или I МАХЕ „Манаслу '86“ е прва експедиција на Македонските алпинисти која се одржала во планинскиот масив на Хималаите. Се одржала во 1986 година со цел искачување на врвот Манаслу по нова првенствена насока. Предводник на оваа експедиција бил Јован Попоски - Јове. Во рамките на оваа експедиција планот бил да се искачи потполно нова првенствена технички тешка насока, но поради преголемата изложеност на објективни опасности, учесниците биле принудени да се повлечат. Веднаш потоа ја направиле прв повторување на Полската насока, (но условите биле повеќе од значително полоши одошто при првото искачување од страна на полјаците), но повторно поради лошо време и објективни опасности принудени се да се повлечат откако ја искачиле насоката во стената, од Јужното седло (околу 7 480 m н.в..). И покрај тоа, нашите алпинсти добиле големи пофалби од светски познатиот алпинист Рајнолд Меснер, како и од познатиот словенечки алпинист Томо Чесен. Јован Попоски, водачот на I МАХЕ „Манаслу '86“, во една пригода има изјавено: „Искуствата со коишто се здобивме изведувајќи ја оваа акција под вакви услови, се многу поголеми отколку дури и половината од нас да се качеа на врвот по убаво време.“

Учесници во експедицијата:

- Трајче Алексов (алпинист);

- Живко Арсовски (алпинист и одговорен за метеоролошката станица);

- Владимир Бошков (доктор на експедицијата);

- Слободан Ѓорѓевиќ (радио-врски);

- Димитар Илиевски (алпинист);

- Слободан Јовановски (алпинист);

- Борче Јовчевски (алпинист, одговорен за работилница, организација, финансии);

- Ѓорѓи Костовски (алпинист);

- Благојче Лазаров (алпинист, одговорен за опрема, финансии);

- Страшо Лозановски (одговорен за исхрана, транспорт, финансии)

- Јован Попоски (алпинист, водач на експедицијата);

- Серафим Серафимовски (алпинист);

- Слободан Трпевски (алпинист);

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya