Македонска православна црква „Св. Петка“ - Мил Парк

Македонска православна црква „Св. Петка“
Карта
37°40′29″S 145°04′12″E / 37.674586°S 145.070058°E / -37.674586; 145.070058
МестоПленти рд 281-285, Мил Парк 3082, Мелбурн, Викторија
ЗемјаАвстралија
ВероисповедМакедонска православна црква
Претходен вероисповедПрезвитеријанство
Мреж. местоЦрква Света Петка
Историја
Поранешен називпрезвитеријанска црква Џејнфилд
Посветена наСвета Петка
Осветена2000
Архитектура
СтатусЦрква
Службен статусАктивна
Архит. типЦрква
Завршена1861
Управа
ЕпархијаАвстралиско-новозеландска епархија
Свештенство
СвештенициОтец Тоне Гулев

Македонската православна црква „Св. Петка“македонска православна црква лоцирана во Мил Парк, предградие на северен Мелбурн, Викторија, Австралија.[1][2] Црквата е стара градба со син камен и нов православен ентериер.[3][4] Изградена во 1861 година како презвитеријанска црква, зградата е една од неколкуте рани цркви изградени во областа на долината Пленти[3] и е наведена во регистарот за наследство на Викторија. Во доцните 1990-ти, црквата била претворена во Македонска православна црква и се приклучила на локалната Австралиско-новозеландска епархија.[3][4]

Историја и структура

Црквата била изградена во 1861 година и припаѓала на христијанската презвитеријанска деноминација.[3] Позната како презвитеријанска црква Џејнфилд и лоцирана во долината Пленти, област на шкотска населба, црквата била една од трите изградени во регионот во тоа време.[3] Самата црква е мала, изградена од син камен, а на нејзиниот покрив се поставени ќерамиди.[5]

Зградата била во лоша состојба кога била купена во 1996 година од Австралиско-новозеландската македонска православна епархија.[3] Црквата стана дел од Македонската епархија во текот на 1997 година, а била осветена во 2000 година.[4] Се направиле обемни поправки на градбата и целата внатрешност била обновена и преработена во византиско-православен дизајн.[3] Иконограф од Романија насликал висококвалитетни фрески на секој од внатрешните ѕидови на црквата.[3] Православната иконографија создава изглед на поголем простор во малата внатрешност.[3] Во близина биле изградени неколку дополнителни згради за да им служат на потребите и активностите на црковното собрание.[4] Месната македонска заедница ја прославила дваесетгодишнината од постоењето на црквата во ноември 2017 година.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Lozanovska et al.
  2. „MOC Saint Parasceva – Mill Park | Австралиско-новозеландска Епархија“ (англиски). Посетено на 2021-10-29.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Lozanovska et al.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Kocev, Vase (10 November 2017). „The Macedonian Orthodox Church "St. Petka" from Mill Park, Melbourne celebrates 20th Anniversary“. SBS. Посетено на 8 January 2021.
  5. Lozanovska, Mirjana; Lopez, Sarah; Levin, Iris; Johnston, Chris; Beynon, David (2020). „Aesthetic Immigrant Environments“. Fabrications. 30 (2): 272–273. doi:10.1080/10331867.2020.1763064.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya