Македонски глаголски листови![]() Македонски глаголски листови познати и како Рилските глаголски листови се глаголски ракопис кој се сотои од осум фрагментирани листови пергамент и уште три фрагменти, кои биле дел од црковнословенска книга од 10ти век.[1] Историја![]() Првите два фрагменти биле откриени во Рилскиот манастир во 1845 година од рускиот историчар Виктор Григорович. Денес тие се чуваат во библиотеката на Руската академија на науките во Санкт Петербург. Подобро зачуваниот дел од ракописот бил објавен во 1909 година под името "Македонски глаголски лист" од рускиот историчар Григориј Илински.[2] Уште три листови биле откриени во Рилскиот манастир од чешкиот историчар Константин Јиречек во 1880. Во 1936, Јордан Иванов пронашол дополнителни фрагменти. Наодите на Јиречек и Јорданов сѐ уште се чуваат во Рилскиот манастир. ![]() Извори
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia