Македонско-грузиски односи
Македонско-грузиските односи се надворешните односи меѓу Македонија и Грузија. На 16 февруари 2019, за време на Минхенската безбедносна конференција, министрите за надворешни работи на Македонија и Грузија потпишале Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.[1] Во март 2018 година, Претседателите на Собранијата на Македонија и Грузија, Талат Џафери и Иракли Кобахиѕе оствариле средба на Интерпарламентарната унија во Женева. Претседателот на Грузиското Собрание ја истакнал важноста од започнување на поинтензивен политички дијалог меѓу Грузија и Македонија, посочувајќи дека двете земји сè уште немаат воспоставено дипломатски односи, а имаат слични цели и предизвици, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.[2] Грчкиот весник Елефтеротипија објавил дека Грузија имала намера да ја признае Македонија под нејзиното уставно име во 2010.[3] Меѓутоа, грчката дипломатија се заканила со блокада на грузиската интеграција во НАТО, како и блокада на пристапот кон економската помош од ЕУ, доколку Грузија се одлучила на таков чекор. Македонското МНР ја демантирало оваа информација. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia