„Македонско девојче“ — македонска народна песна на Виолета Томовска, компонирана и напишана од Јонче Христовски во 1964 година.[1][2]
Текст
„Македонско девојче“, како што првично е напишано, се состои од четири строфи.[3]
|
Прва строфа:
Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена.
Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема, не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.
Втора строфа:
Нема ѕвезди полични,
од твоите очи,
да се ноќе на небо
ден ќе раздени.
Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема, не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.
Трета строфа:
Кога коси расплетиш
како коприна
лична си и полична
од самовила.
Рефрен
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема, не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.
Четврта строфа:
Кога песна запее
славеј натпее,
кога оро заигра
срце разигра.
Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема, не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.
|
Наводи
- ↑ Kolar-Panov, D. (Routledge, 1997) "Video, war, and the diasporic imagination", p.60
- ↑ Александар Димитриевски (2008-12-15). „Преку песните за младоженците ги чуваме корените (Keeping your roots through wedding songs)“. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 2009-10-29.
- ↑ „Македонско девојче | Makedonsko devojche“. Pesna.org. Архивирано од изворникот на 2018-07-23. Посетено на 2021-02-06.
Надворешни врски