Македонци во ШведскаСпоред официјалниот попис од 2006 година, постојат 3.669 етнички Македонци во Шведска. Шведскиот Центар за имиграција известува дека постојат 6.000 Македонци во Шведска, но македонските здруженија и македонското Министерство за надворешни работи тврди нивниот број е над 15.000. ДоселувањеМакедонците почнаа да емигрираат во Шведска по Втората светска војна. Многу од овие беа првично егејските Македонци на кои подоцна им се приклучиле Македонците од Југославија. Македонското население се населиле во голема мера во југозападниот дел на Шведска. Многу имигранти се населиле во градови како Стокхолм, Малме, Гетеборг, Еслев, Хелсингборг, Трелеборг, Еребру и Векше. Шведската влада официјално го признава македонското малцинство во Шведска. Организации и култура![]() Македонците во Шведска се многу добро организирани преку голем број здруженија и тие се признати како македонско малцинство законски. Во Шведска има над 20 регистрирани македонските здруженија, меѓу кои најголеми се:
Македонските здруженија се делумно финансирани од шведската влада. Исто така, постојат посебни одредби утврдени од страна на шведската влада за образование во Македонците. Секоја година различни организации го одржуваат т.н. Zimski Festival. Здруженијата, исто така, организираат многу натпревари за убавина, ноќи на поезијата и диско забави. Организациите исто така имаат контакт со Македонците во Данска. Тие, исто така, организираат саботни училишта и хуманитарни активности. Постојат три женски групи во Шведска:
РелигијаМакедонците во Шведска претежно припаѓаат на православната вера. На 14 јануари 1973 ја основале првата Македонска црковна општина (МПЦО) во Европа посветена на Св. Наум Охридски. Во моментов постојат две македонски православни цркви во Шведска, Makedoniska ortodoxa kyrkan Sveti Naum Ohridski во Малме, која има 4000 верници и Makedoniska Ortodoxa Kyrkliga Församlingen во Гетеборг. Двете од нив се дел од Македонска православна црква, предводена од митрополитот на европската епархија. СпортМакедонската заедница има свој фудбалски клуб, наречен ФК Вардар од Гетеборг, кој игра во шведската лига "Division 5А". МедиумиМногу форми на медиуми се формирани од страна на Македонците во Шведска. Тие имаат свој весник, наречен Makedonski Vesnik, кој за првпат беше објавен во 1978 година, од страна на Makedoniska Riksförbundet i Sverige (македонската заедница во Шведска). Весникот ги информира Македонците во Шведска за теми поврзани со нив во Шведска и во Македонија. Тие, исто така, основале свое сопствено радио во Гетеборг, тоа се нарекува Makedonisk Röst. (Македонски Глас), кое емитува на македонски јазик. Значајни Македонци во Шведска
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia