Максимилијан I (Баварија)
Максимилијан I (германски: Maximilian I, роден на 17 април 1573 во Минхен - починал на 27 септември 1651 во Инголштат) — владетел од баварската Династија Вителсбах, војвода на Баварија од 4 февруари 1598 година, по абдикацијата на неговиот татко[1], изборен кнез на Пфалц во периодот од 1623 до 1648 година и изборен кнез на Светото Римско Царство од 1623 година. Управувал во текот на Триесетгодишната војна. ЖивотописМаксимилијан бил син на војводата Вилхелм V (1548-1626) и Рената (1544-1602), ќерка на Франц I, војвода од Лорен. Тој бил запишан на језуитски колеџ и универзитет во Инголштат во 1587 година заедно со неговиот братучед, подоцнежниот цар Фердинанд II. На 4 февруари 1598 година застанал на местото на неговио татко, во време кога јавната каса била испразнета, поради кое започнал големи реформи во полицијата, судовите и армијата. Во 1609 година Максимилијан I го добил правото да раководи со Католичката лига и го добил градот Донауверт од царот Рудолф II. Максимилијан и Јохан Церклас Тили за време на Триесетгодишната војна биле поразени во близина на Рајна. На 8 ноември 1620 година протестантите биле поразени во битката на Бела Планина кај Прага, во која учествале 25.000 баварци. Во знак за благодарност Максимилијан I во февруари 1623 година ја добил титулата изборен кнез. По отфрлањето на Фридрих V од царството, Максимилијан I го добил Горен Пфалц. Така Војводство Баварија станало изборно кнежевство. Неговите територии биле потврдени со потпишувањето на договорот од 1648 година. Во негово време била реконструирена и проширена Минхенската резиденција, која се претворила во најголема палата во рамките на царството. Кон крајот на својот живот Максимилијан I се ангажирал најмногу со религијата. Починал на 27 септември 1651 година за време на поклонение во Инголштат. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia