Мало претпријатиеМало претпријатие — вид на претпријатие во приватна сопственост коешто по бројот на вработени и остварениот приход е помало од средно претпријатие. ДефиницијаВо сите национални законодавства се поаѓа од квалитативни и квантитативни критериуми за одредување на големината на едно претпријатие. Во квантитативни критериуми влегуваат: обемот на продажба, бројот на вработени, висината на остварена добивка, пазарното учество на претпријатието и сл. Различни земји применуваат различни методологии и критериуми за да извршат дефинирање на малите и средни претпријатија. МакедонијаВо Македонија, поделбата на мали и средни претпријатија е направена во Законот за троговски друштва донесен во 2004 година. Согласно овој закон, трговците се делат на големи, средни, мали и микро-трговци во зависност од бројот на вработените, годишниот приход и просечната вредност на вкупните средства по годишните сметки во последните две пресметковни години. Во првата година од работењето, трговецот се распоредува според проценетиот обем на своето работење, а во втората според податоците од претходната година на работењето. Европска УнијаСо цел да се подобри пристапот кон претприемништвото во Европската Унија, да се поедностави законската и политичката средина за малите и средни претпријатија, како и да се отстранат сите останати пречки за нивниот развој донесен е Актот за мали претпријатија за Европа. Тој претставува сеопфатна рамка за политиката на Европската Унија кон малите и средни претпријатија.[1] Главните приоритети на актот се:
Актот не е законско барање, туку водич кон низа мерки коишто секоја земја треба да ги воведе — прилагодени на нејзините потреби — на патот кон усогласување со законодавството на Европската Унија. Актот за мали претпријатија се потпира на десет принципи со чиешто имплементирање земјите членки на Унијата ќе се справат со пречките кои го ограничуваат потенцијалот за раст на малите и средни претпријатија. Тие десет принципи се:
ПоврзаноНаводи
Користена литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia