Мандалеј
Мандалеј (бурмански: မန္တလေးမြို့; MLCTS: manta.le: mrui.; Бурмански изговор: [màɴdəlé mjo̰]) или Мандалај — втор град по големина во Мјанмар и последен кралски главен град на државата. Манделеј се наоѓа на околу 716 километри северно од Јангон на источниот брег на реката Иравади. Градот има население од околу еден милион и е главен град на округот Манделеј. Манделеј е економски центар на горен Мјанмар и се смета за центар на мјанмарската култура. Поради големото доселување на Кинези, етничката структура на градот се променила, но се зголемила и трговијата со Кина[5] Иако Непјидо се наоѓа во тој регион, сепак Манделеј останува трговски, образовен и здравствен центар на горен Мјанмар. Градот е опеан во поемата „Мандалај“ (1892) од британскиот поет Радјард Киплинг. Потекло на поимотИмето на градот потекнува од околната планина Мандалеј. Денес се верува дека името има палиско потекло, но тоа не е сосема докажано. Коренот на зборот се верува дека е „мандала“ што значи „кружни висорамнини“,[3] „мандаре“ („среќна земја“),[6] или „Мандара“ (планина од хиндуската митологија).[7] Збратимени градовиГалерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia