Мандолината на капетан Корели
Мандолината на капетан Корели (англиски: Captain Corelli's Mandolin) е американски воен филм од 2011 година, во режија на Џон Маден. Филмот е заснован на истоимениот роман од 1994 година на Луј де Берниер. Главните улоги ги играат: Николас Кејџ и Пенелопе Круз. СодржинаДејството на филмот се одвива на грчкиот остров Кефалонија, во 1940 година. Пелагија е млада жена која живее со својот татко, доктор Јанис, уживајќи во идиличниот живот крај Јонско Море. Но, војната се приближува до островото и нејзиното момче, Мадрас, решава да му се приклучи на движењето на отпорот против италијанските окупатори. Тогаш на островот пристигнува војникот Антонио Корели, кој работи како преведувач за италијанската војска.[3] ЗаработкаВо првиот викенд на прикажување, филмот се пласирал на 6. место со заработка од $7,209,345 долари. Во домашните киносали филмот заработил само $25,543,895 долари, но имал и заработка од $36,569,000 долари ширум светот со што заработил вкупно $62,112,895 долари. Буџетот на филмот изнесувал $57 милиони долари.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia