Манолис АнгелопулосМанолис Ангелопулос (8 април 1939 година – 2 април 1989 година, Лондон) бил популарен грчки пејач, композитор и текстописец со ромско потекло.[1] За време на неговото детство Ангелопулос патувал низ цела Грција со својот семеен караван од елинизирано-циганско потекло, продавајќи разновидна стока од теписи до лубеници. Камионите на караванот имале микрофон и тој почнал да ги продава овие предмети преку користење на неговиот пеjачки глас преку звучниците. Откако го изгубил својот татко кога имал 13 години, тој се обидел да му помогне на своето семејство работејќи во неколку клубови. Неговиот талент за пеење привлекло многу композитори и продуценти, нудејќи му можност да ја сними својата прва песна во 1957 година. Тој се здобил со популарност во текот на 1960-тите преку неговите љубовни песни, како и песните за грчките бегалци и егзотичните места. Тој исто така внел мешавина од грчко-циганско-арапски влијанија во неговите песни. Неговата песна Твоите црни очи се смета за една од неговите најпопуларни песни. Мелодијата била заснована на мелодија на либанскиот пејач Фајруз.[2] Манолис Ангелопулос починал во лондонската болница на 2 април 1989 година, една недела пред да наполни педесет години, поради компликации од операција на срцето (троен бајпас).[3] Тој бил еден од најпознатите пејачи во Грција. Тој се оженил со родна Гркинка, Ана Василеу, која исто така била пејачка. Имале три деца; Елијас, Статис и Марија, чиј кум бил Стелиос Казанцидис.[4] [5] Познати песни
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia