Мануфахи (општина)
Мануфахи (португалски: Município Manufahi, тетум: Munisípiu Lautein) — една од општините на Источен Тимор. Има население од 53 691 (попис од 2015 година) и површина од 1 323 км².[1] Главниот град на општината е Саме. ИсторијаЗа време на португалската колонија, општината се викаше Саме, по главниот град. Тоа беше епицентарот на Големата буна од 1910–12 година. За време на индонезиската окупација, тогашната под-област Хато-Удо беше отцепена од тогашната област Мануфахи и се приклучи на Ајнару, а тогашната под-област Турискаи, претходно во Ајнару, беше преместена во Мануфахи. Географија![]() Мануфахи лежи на јужниот брег на Источен Тимор, на Тиморското Море. Се граничи со Манатуту на исток, Ајнару на запад и Ајлеу на север. НаселениеПокрај националните официјални јазици тетумски и португалски јазик, се зборува и малајо-полинезиски јазик Мамбаи. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia