Марика Гиноска

Марика Гиноска ( 1915 во Белчишта1964 во Охрид) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учетвувала во НОД во селото од јули 1942 година. Од напредните жени во селото формирала воспитна група. Работела и со жените од селото Горна Дебарца. Собирала народна помош за илегалците што се задржувале на теренот Дебарца, а подоцна за формираниот партизански одред (1943 година). Честопати вршела курирска работа во селата на Горна Дебарца. Нејзиниот дом уште од 1941 година бил сврталиште на илегалци. Била изложена на терор од италијанскиот окупатор и балистите. Во 1944 година била претседателка на АФЖ во селото Белчишта.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1029.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya