Мамане ја основала компанијата Џасигрин (анг: Jacigreen) и освоила неколку награди за иновации за нејзината работа за подобрување на екологијата на реките.
Ран живот и образование
Мајката на Мамане магистрирала на науки за животот и земјата.[4]
Мамане пораснала покрај реката Нигер во нејзиниот роден град Нијамеј, а од 2020 година живеела во Буркина Фасо.[4][5] Дипломирала биоразновидност и управување со животната средина на Универзитетот во Нијамеј.[4]
Кариера
Во 2016 година, Мамане ја освоила наградата Претприемнички пат (анг: Entrepreneurial Journey) од Меѓународниот институт за инженерство на вода и животна средина (исто така познат како 2iE)[6] и ја основала компанијата Џасигрин (анг: Jacigreen)[2][7] и ја регистрирала во Уагадугу.[8][9] Компанијата работи на претворање на инвазивниот зумбул во земјоделско ѓубриво и компост и биогас.[1][2] Биогасот се користи во генераторите за создавање електрична енергија.[2]
Во 2016 година, Мамане ја освоила и наградата Омилена на жирито на наградите African Rethink Awards.[4]
Во 2017 година, Мамане ја добила наградата за млади шампиони на Земјата на Програмата за животна средина на Обединетите нации.[1][6] Наградата била со вредност од 15.000 долари.[10][11]