Марија Француска
Марија Француска (француски: Marie de France) — средновековна поетесам, веројатно е родена во Франција и живеела во Англија за време на доцниот 12 век. Таа живеела и творела во непознат кралски двор, но речиси сигурно беше барем позната во кралскиот двор на кралот Хенри II од Англија. Скоро ништо не се знае за нејзиниот живот; и нејзиното име и нејзината географска спецификација доаѓаат од нејзините ракописи. Пишувала на еден вид на англонормандски јазик, и беше очигледно умешна и на латински и англиски јазик. Нејзините Лаи особено сè уште широко се читаат, и влијаеле на понатамошниот развој на жанрот романса. Лаите на Марија Француска, имале огромно влијание врз книжевниот свет.[1] Тие биле сметани за еден нов вид на литературна техника добиена од класичната реторика и задоена со такви детали што станала нова форма на уметност.[2] Нејзините лаи не само што прикажуваат мрачен поглед на љубовта, тие исто така, се спротивставија на традициите на љубовта во рамките на Црквата во тоа време. Таа пишувала за афери, познати жени кои заведувале други мажи, жени кои сакале да избегаат од безљубовен брак, со што ја истакнала идејата дека жените можат да имаат сексуална слобода. Нејзините лаи исто така прикажуваат силна женска улога и моќ.[3] Поддршката за таквите мисли во 12 век е можеби извонредна. "Тоа секако не потсетува дека луѓето во средниот век биле свесни за социјалните неправди и не ги само прифаќале угнетувачките услови како неизбежни, според волјата на Бог."[4] Наводи
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со: Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia