Мари (река)
Мари (англиски: Murray River или River Murray) — најдолга река во Австралија. Се протега 2.375 км[1] и извира во Австралиските Алпи и претежно тече во свиоци низ рамничарските делови во внатрешноста на земјата. Реката ја образува границата помеѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија течејќи на северозапад, а во последните 500 км тече на југ во Јужна Австралија и завршува во езерото Александрина и океанот. Тече низ неколку езера со колеблив степен на соленост како што се Александрина и Куронг, па кај Гулва се влева во Индискиот Океан (во земјата често наречен Јужен Океан). Иако реката знае да биде обемна, устието е релативно мало и плитко. Речниот систем игра значајна улога во наводнувањето на обработливите површини по течението, кои имаат најголемо производство на земјоделски култури во земјата. ГеографијаМари сочинува дел од речниот систем Мари-Дарлинг долг 3750 км чиј слив ја опфаќа речиси сета копнена Викторија, Нов Јужен Велс и јужен Квинсленд — една седмина од копнената маса на Австралија. Во споредба со другите реки во светот со слични сливови, Мари има многу помала полноводност и се одликува со големи колебања во текот на годината. Реката сочинува голем дел од границата помеѓу државите Викторија и Нов Јужен Велс. Самата граница лежи на јужниот брег, така што реката како таква не тече низ Викторија.[2] Поважни населени местаПо течението на Мари се расположени следниве населени места:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia