Мариjа Теодора ПиментелМарија Теодора Пиментел (1865-1948) била првата жена докторка од португалската островска група Азори. Ран животМарија Теодора Пиментел е родена на 11 септември 1865 година во Ангра до Хероисмо, на островот Терсеира на Азорите. Била ќерка на генералот Мануел Кварезма Пиментел, кој починал кога била млада. Таа на почетокот на 1884 година добила диплома за настава со која се квалификувала да предава на ниво на основно и средно образование. Таа работа и обезбедила можност да се издржува себеси и мајка си, истовремено продолжувајки со нејзините студии. Се запишала во Политехничкото училиште во Лисабон во 1887 година со цел да земе курс кој бил услов за студирање на Медицинско-хируршкото училиште во Лисабон ( Escola Médico-Cirúrgica de Lisboa ), кое подоцна ќе стане медицински факултет на Универзитетот во Лисабон . Во 1895 година се здобила со диплома од истото училиште.[1][2][3] Работен векБидејќи не успеала да добие позиција на Универзитетот во Лисабон, Пиментел се вратила во Азорите каде што станала позната како „докторката на сиромашните“. Таа, исто така, станала првата жена што зазела позиција во јавната администрација на Азорите.[1][2] Таа починала во 1948 година на 16 ноември и била погребана во Ангра до Хероизмо. Во тестаментот Пиментел го оставила својот имот и живеалиште да биде користено како општински хостел. Хостелот бил именуван Албергариа Крузерио, и бил отворен во 1973 година,[1] подоцна беше претворено во хотел. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia