Масакрот на Хиос
Масакрот на Хиос се однесува на колењето на десетици илјади Грци на островот Хиос од страна на османлиските војници во 1822 година[1] . Повеќе од 2.000 години, островот Хиос претставувал седиште каде поминувале голем број на трговци кои патувале преку Црно, Егејско и Средоземното Море. Па, според ова, островот бил од голема значајност за Османлиското Царство. МасакрВо март 1882 година, неколку стотици вооружени Грци од островот Самос дошле на островот Хиос. Тие започнале со уништување и рушење на џамии и напаѓање на локалното муслиманско население по кое се повлекле во една тврдина. Во меѓувреме, поголем број на жители од островот се приклучиле кон револуционерната организација.[2] Сепак мнозинство од христијанското население на островот не го поддржувале или пак не се приклучиле кон акциите на револуционерите против Османлиите.[3] По нападите и воспоставувањето на контрола над островот од страна на Османлиите, околу 20.000 Грци од островот биле обесени,[4][5][6] малтретирани, или измачувани до смрт. Околу 50.000 Грци од островот биле заробени а други 23.000 биле протерени. Само околу 2.000 Грци успеале да преживеат. Грчкиот збор σφαγή (македонски: масакр) најчесто се користи да се опишат овие настани. Неколку Грци кои преживеале во масакрот станале робови на богатите Турци и биле принудени да го прифатат исламот. Некои пак станале турски политичари. Еден од најпознатите такви случаи е Георгиос Стравелакис кој своето име го променил во Мустафа Казнадар, како и Ибрахим Едем-паша.[7]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia