Маслина Грнчарова-Иванова
Маслина Грнчарова-Иванова (1874, во Загоричани, Костурско — 1958 во Криводол, НР Бугарија) — македонска учителка и деец на ТМОРО. ЖивотописМаслина е родена во 1874 година во костурското село Загоричани, денес во егејскиот дел на Македонија. Татко ѝ се викал Иван, а нејзиниот брат Вангел. Ја завршила Солунската женска гимназија. По завршувањето на гимназијата таа почнала да учителствува во егзархиското училиште во Демотика (Тракија), каде во 1895 година станала член на ТМОРО. Потоа била учителка во Сорович и Зеленич и истовремено вршела курирски должности за организацијата. Заедно со учителката Елена Минасова го извезла знамето на Д’мбенската чета на ТМОРО. Во 1901 година, таа се вратила на кратко во родното село каде имала средба со Гоце Делчев. Поради членството во ТМОРО, била уапсена заедно со Манол Розов, Лазар Поп-Трајков и Павел Христов и осудена, а казната ја издржувала во затворот во Корча (Албанија). По излегувањето од затвор, била секретар на Централната комисија на ТМОРО и член на Костурскиот окружен комитет на ТМОРО. Маслина го шие и на 2 август 1903 година, качена на коњ, го развива знамето на нејзиниот командант Манол Ризов во Загоричани. Со посебна храброст се истакнала при ослободувањето на Невеска. По повторното апсење во август 1903 година Маслина Грнчарова била амнестирана и се вратила во родното село. По Балканските војни емигрирала во Бугарија (1913),[1] каде учителствувала во селото Пастух. Во 1928 година, на вториот редовен конгрес на Македонскиот женски сојуз, Грнчарова влегла во раководното тело на организацијата како соработничка. Маслина Иванова Грнчарова никогаш повеќе не го видела својот роден крај слободен. Таа умира во 1958 година во Криводол, Бугарија. Зад себе остава кратки спомени за револуционерното движење, во кое вели: „...мојата активност беше во служба на оние што носеа пушки. Ги пречекувавме четите, носевме леб, за избеганите од Иванчовата афера ангиравме куќи - да се сокријат од напади. Мојата активност, кога бев слободна, беше за други, а не за мене ... Пред Илинден, јас станав централна врска помеѓу војводите и реонските началници. Останав така и потоа во целиот наш Костурсски реон ...“.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia