МатеријализамМатеријализам е филозофски правец во онтологијата спротивен на идеализмот. Материјализмот тргнува од тоа дека светот по својата суштина е материјален; дека материјата, природата, постои надвор од свеста и независно од свеста, дека материјата е првобитна и претставува извор на човековите сетила, сметајќи го спознанието, како и свеста, духот воопшто, за секундарни, за нешто што е произведено од влијанието на материјата и човековата сетилна пракса. Всушност, материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина. Материјализмот и духовнотоСпоред италијанскиот поет Џакомо Леопарди, во нашата памет и во нашите способности сè е од материјална природа. Дури и зборот е нешто материјално, а идејата, поврзана и изедначена со зборот, е некако материјализирана. Нашето паметење, како и нашите духовни способности, не можат ништо точно да замислат, освен ако сè не ѝ потчинат на самата материја.[1] ПоделбаСпоред вообичаената, класична поделба на материјализмот, постојат три вида или форми на материјализмот:
Антички материјализамПрвите филозофи што се појавиле во рамките на западноевропската филозофија, како што е Милетската школа, биле материјалистички ориентирани. Метафизички материјализамМетафизичкиот материјализам својствен за француските филозофи од XVIII век, меѓу кои се: Пол Холбах, Ламетри, Хелвециус. Дијалектички материјализамДијалектичкиот материјализам својствен е за дел од марксистички ориентираните мислители, макар што овој термин не се среќава ниту кај Карл Маркс, ниту кај Фридрих Енгелс. Некои дилеми околу поделбата на материјализам и идеализамСпоред некои посовремени мислења оваа поделба е веќе застарена и несоодвестува на сознанијата на современата наука. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia