Маца Бабамова

Маца Ефтимова Бабамова ( 1890 во Кочани1949 во Кочани) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во заднината на НОД од ceптeмври 1941 година. Во својот дом чувала прехранбени артикли, санитетски и воен материјал наменет за НОВ. Повремено била ползувана за растурање на илегален материјал низ rрадот. Носела храна на политичките затвореници. Нејзината активност била откриена од бугарската окупаторска полиција, поради што често била сослушувана и малтретирана.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 987.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya