Мајда Ширца![]() Мајда Ширца Равникар (родена на 20 април 1953 година) е словенечка историчарка на уметност, новинар и политичар. Таа била министерка за култура во владата на Борут Пахор.[1] Родена е во Постојна, тогаш дел од Социјалистичка Република Словенија на СФРЈ. Младоста ја поминала во Карстниот регион во западна Словенија. Основно училиште учела во Штањел и Дутовље, а гимназија во Постојна. Дипломирала историја на уметност на Факултетот за уметности на Универзитетот во Љубљана. Работела како новинарка во Словенечката државна телевизија во културна програма, особено со уметнички филм. За тоа време, таа продуцирала повеќе од 60 кратки документарни филмови.[1] Во 1997 година била назначена за државен секретар во Министерството за култура под Јожеф Школч. На парламентарните избори во 2000 година била избрана за пратеник во словенечкото национално собрание на листата на Либералната демократија на Словенија. Во 2004 г. била реизбрана. За време на централно-десничарската влада на Јанез Јанша помеѓу 2004 и 2008 година, се појавила како главен опозициски говорник во културата и медиумската политика, остро критикувајќи го конзервативниот министер за култура Васко Симонити. Двајцата развиле личен анимозитет, кој бил добро познат на јавноста.[2][3] Во 2007 година, ја напуштила партијата Либерална демократија на Словенија и станала еден од основачите на социјал-либералната партија Зарес. По победата на левичарските партии на парламентарните избори во 2008 година, Ширца била назначена за министер за култура во владата на Борут Пахор. Мајда Ширца била во брак со починатиот словенечки архитект Војтех Равникар.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia