Мајна-Кинциг
![]() Мајна-Кинциг (германски: Main-Kinzig-Kreis) — округ во источниот дел на сојузната покраина Хесен, Германија. Се граничи со окрузите Ветерау, Фогелсберг, Фулда, Бад Кисинген, Мајна-Шпесарт, Ашафенбург, Офенбах и безокружните градови Офенбах на Мајна и Франкфурт. ИсторијаОкругот е создаден во 1974 г. со спојување на дотогашните окрузи Ханау, Шлихтерн, Гелнхаузен и поранешниот градски округ Ханау. Ја опфаќа истата територија со некогашната грофовија Хесен-Ханау. ГеографијаИмето на округот доаѓа од двете главни реки во него. Мајна тече долж југозападниот агол на територијата. Кинциг, кој е притока на Мајна, тече низ целиот округ. СтопанствоВо 2017 г. БДП во округот по глава на жител изнесувал 34.185 евра.[2] Градови и општини
ГрбГрбот е сплет од грбовите на претходните окрузи споени во 1974 г. Лебедот е преземен од округот Ханау и е старо обележје на неговите грофови. Орелот во левиот дел е земен од градот Гелнхаузен. Превезите во десниот дел се земеени од господарите на Хутен, кои го поседувале подрачјето околу Бад Зоден и Залминстер, порано дел од округот Шлихтерн. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia