Маџоре
Маџоре или Вербано (понекогаш и Локарно), (италијански: Lago Maggiore, Verbano) — предалпско езеро од ледничко потекло и второ по големина езеро во Италија. Географска положба![]() Езерото Маџоре се наоѓа на надморска височина од околу 193 м, неговата површина изнесува 212 км2 од кои околу 80% се наоѓаат во Италија а останатите 20% во Швајцарија. Најголемата длабочина изнесува 370 м. ФлораИако се наоѓа на северот на Италија, езерото Маџоре заради големата количина вода влијае на микроклимата, така да во неговата околина успеваат типичните средоземни билки, какошто се лимон, маслинки, ловор, камлии, азелеи, рододендрон и магнолија. ФаунаВетровиКако и на сите подалпски езера, така и на езерото Маџоре секој ден дуваат два вида ветрови, Еден кој доаѓа наутро од планините према рамнините (нарекуван мошендрино) и друг послаб ветер кој дува од рамнините према планините поготово попладне (познат под називот инверна). Езерото Маџоре е одлично место каде што може да се уживаат различни видови на спортови како што се едрење и сурфањето на ветер. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia