Меланхолија I (Melencolia I) — бакрорез од германскиот ренесансен мајсторАлбрехт Дирер изработен во 1514 г. Претставува алегорична композиција која е предмет на разни толкувања низ вековите. Ова е една од најпознатите мајсторски гравури во историјата на уметноста, и понекогаш се смета за дел од низа „мајсторски бакрорези“ (Meisterstiche) заедно со гравурите „Витез, Смртта и Ѓаволот“ (1513) и „Свети Јероним во неговата работна соба“ (1514).
Толкувања
Поединост од волшебниот квадрат.
Ова дело е предмет на повеќе толкувања од било која друга гравура,[1] вклучувајќи го двотомното дело на Петер-Клаус Шустер,[2] и мошне влијателната обработка во монографијата „Дирер“ на Ервин Панофски.[3] Во репродукциите, сликата излегува потемна одошто е на изворниот отпечаток на гравурата. Ова особено доаѓа до израз кај ликот на крилатата жена, која е всушност повесела одошто изгледа на репродукциите.
Насловот на делото доаѓа од архаично напишаниот натпис „Melencolia I“ во рамките на самата гравура, и со тоа е единствена Дирерова гравура со наслов на самата слика. Годината 1514 е испишана на најдолниот ред во волшебниот квадрат, како и над Диреровиот монограм долу-десно. Ознаката „I“ не значи дека гравурата била предвидена како дел од комплет, туку означува еден од трите вида на меланхолија што ги утврдил германскиот хуманист Хајнрих Корнелиус Агрипа. Делото се однесува на типот „мечтателска меланхолија“ (melencholia imaginativa) на која подлежат уметниците поради тоа што „мечтата“ кај нив преовладува над „умот“ или „разумот“.
Делото се распространувало нашироко, и дошло дури до Индија, каде могулскиот минијатурист Фарух Бег се повикува на него во минијатурата „Стариот суфија“ (1615).[4]
Елементи
„Стариот суфија“ од Фарух Бег (1615)
Според најзастапеното толкување, тематиката на делото е депресивна или меланхолична состојба, и со тоа разните елементи на сликата добиваат соодветно значење:
фигурата е опкружена од геометриски и архитектонските помагала, кои не во употреба
волшебниот квадрат „4×4“, со двете средни ќелии во најдолниот ред што ја испишуваат годината на изработка на делото: 1514. Покрај тоа што ги следи вообичаените правила за волшебни квадрати, четирите квадранти, агли и средишта даваат истиот број 34 кој ѝ припаѓа на Фибоначиева низа.
потсечениот ромбоедар[5] со бледо отцртан череп на него. Ова геометриско тело подоцна е наречено „Дирерово тело“, и постојат разни гледишта за неговиот точен облик[6])
математичкото знаење е изразено преку симболи: шестар, геометриско тело, волшебен квадрат, вага и песочен часовник.
Наводи
↑Dodgson, Campbell (1926). Albrecht Dürer. London: Medici Society. стр. 94. „„Меланхолија“ е обработувана на повеќе места од било која друга гравура на Дирер: овој исказ веројатно би бил точен и ако ги изземете последните два збора“.
↑Panofsky, Erwin; Klibansky, Raymond; Saxl, Fritz (1964). Saturn and melancholy. New York: Basic Books, Inc.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
↑Weitzel, Hans. A further hypothesis on the polyhedron of A. Dürer, Historia Mathematica31 (2004) 11
Brion, Marcel. Dürer. London: Thames and Hudson, 1960
Nürnberg, Verlag Hans Carl. Dürer in Dublin: Engravings and woodcuts of Albrecht Dürer. Chester Beatty Library, 1983
Ewald Lassnig, Dürers "MELENCOLIA-I" und die Erkenntnistheorie bei Ulrich Pinder; in: Wiener Jahrbuch für Kunstgeschichte, 2008, S. 51-95
Ernst Th. Mayer: Melencolia § I – der "angelo terrestre" und sein gleichzeitiges doppeltes Sehvermögen. Befunderhebung aufgrund der visuellen Geometrie von Dürers verschlüsseltem Selbstbildnis (1514). In: Musik-,Tanz- und Kunsttherapie, Vol. 20, 2009, Nr. 1, S. 8–22.