Мелнички мост
Мелнички мост — патен мост на регионалниот пат 1202, кој го поминува Дебарското Езеро. ИсторијаСо изградбата на браната „Шпиље“ и создавањето на Дебарското Езеро, било неопходно да се изгради мост за премостување на двете страни на езерото. Изградбата на мостот била извршена во периодот 1969-1970 година според проектна документација на професорот Никола Хајдин од Белградскиот универзитет. Мостот бил изграден од ГП „Пелагонија“, а со инвестиција на Електростопанство на Македонија.[1] Мостот бил изграден во 1970 година, а на него се наоѓа и градскиот водовод за Дебар, кој доаѓа од селото Росоки.[2] Во текот на 2014 година бил обновен[3] откако биле регистрирани сериозни оштетувања на самата конструкција на мостот.[1] КонструкцијаМостот е изведен како две континуирани независни конструкции преку четири полиња со меѓусебен распон 68 + 2 х 83 + 68 и преку две полиња со меѓусебен распон од 33 + 33 метри. Вкупната должина на мостот е 368 метри, и припаѓа на групата подолги и поатрактивни мостови во Македонија.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia