Мембрански белковини![]() Мембранските белковини се белковини кои стапуваат во интеракција или се дел од биолошки мембрани. Тие вклучуваат интегрални мембрански белковини, кои трајно се закотвени, односно се дел од мембраната, и периферни мембрански белковини, кои само привремено се поврзани со мембраната или со некој интегрална мембранска белковина.[1][2] Интегралните мембрански белковини се класифицирани во две групи; трансмембрански белковини, кои се протегаат низ целиот мембрански двослој, и интегрални монотопични белковини, кои се поврзани само со едната страна на мембраната. Мембранските белковини се чест вид на белковини, заедно со водорастворливите глобуларни белковини, фибриларните белковини и интринзично неструктурираните белковини.[3] Тие се цел на делување на над 50% од сите модерни лекови.[4] Се смета дека 20-30% од сите гени во повеќето геноми на организмите кодираат мембрански белковини.[5][6] Во споредба со другите класи на белковини, определувањето на структурата на мембранските белковини сè уште е предизвик, поради тешкотиите во поставувањето на експериментални услови во кои се зачувува природната конформација на белковината кога е во изолација од меговата нативна средина.[6] ФункцијаМембранските белковини вршат разновидни функции од суштинско значење за опстанокот на секој организам:[7]
Интегрални мембрански белковини![]() Мембраната е претставена со светло-кафена боја. Интегралните мембрански белковини трајно се прицврстени и вградени во мембраната. Ваквите белковини можат да се одвојат од биолошките мембрани само со користење на детергенти, неполарни растворувачи, или понекогаш агенси за денатурација. Пример за ваков вид на белковина кој сè уште не е функционално карактеризиран е SMIM23. Интегралните мембрански белковини може да се класифицираат според нивната поврзаност со липидниот двослој:
Периферни мембрански белковини![]() Периферните мембрански белковини се привремено прикачени или за липидниот двослој или за интегралните белковини со комбинација на хидрофобни, електростатички, и други не-ковалентни интеракции. Периферни белковини дисоцираат по третман со поларен реагенс, како раствори со покачена pH вредност или високи концентрации на соли. Интегралните и периферните белковини можат да бидат пост-транслационо изменети, со додавање на масни киселини или пренилни јаглеводородни ланци, или GPI (гликозилфосфатидилинозитол), кои може да бидат вметнати во липидниот двослој. Полипептидни токсиниПолипептидните токсини и многу антибактериски пептиди, како што се колицини или хемолизини, како и одредени белковини кои се вклучени во апоптозата, некогаш се сметаат за посебна категорија. Овие белковини се растворливи во вода, но можат да агрегираат и неповратно да се асоцираат со липидниот двослој и да станат повратно или неповратно поврзани за мембраната. Во геномитеГолем дел од сите белковини се смета дека се мембрански белковини. На пример, околу 1000 од ~4200 белковини на E. coli се смета дека се мембрански белковини.[13] Мембранската локализација е потврдена за повеќе од 600 од нив, по експериментален пат.[13] Локализацијата на белковините во мембраните може да се предвиди многу сигурно со користење на анализи за хидрофобност на белковинските низи, односно локализацијата на низите на хидрофобните аминокиселини. Поврзано
Наводи
Надворешни врскиОрганизации
Бази на податоци за мембрански белковини
|
Portal di Ensiklopedia Dunia