Мембрански потенцијал
Клетките во организмот, кои можат да пренесуваат електрохемиски импулси низ својата мембрана се нарекуваат ексцитабилни клетки. Тоа се посебно однесува на нервните и мускулните влакна. Електрохемиските импулси можат да се пренесуваат и низ мембраната на жлездените клетки, а во исклучителни услови и низ сите клетки во организмот. Мембрански потенцијалНеопходен услов во создавање на мембрански потенцијал е поголема концентрација на дифузибилни позитивни јони од едната страна на мембраната отколку од другата страна на мембраната (бидејќи мембраната на сите клетки во организмот е обложена со позитивни и негативни јони кои се во напон). Ако тој услов не е исполнет, ќе дифундираат во обете насоки еднаков број на позитивни јони, па нема да дојде до создавање на разлика во потенцијалите. Со други зборови, потенцијалот е пропорционален со разликата во тенденцијата на јоните да дифундираат во еден и во друга насока. Таа тенденција е пропорционална на логаритамот на концентрацијата на дифузибилните јони (кај телесна температура од 37 степени Целзиусови) во склад со оваа формула: EMS(во миливолти) = 61*log((koncentracija 1)/(koncentracija 2)) Кога концентрацијата на позитивни јони од десната страна на мембраната е 10 пати поголема од концентрацијата од лева страна, а логаритам со основа 10 од 10 е 1, тогаш разликата во потенцијал е 61 миливолт.
Сумарно може да се каже дека се потребни два услова за настанување на мембрански потенцијал:
Електрохемиски импулсВо услов на напонско мирување, мембраната на нервните и мускулните влакна е 20 до 100 пати попермеабилна за калиум отколку за натриум. Меѓутоа, кога е мембраната ексцитирана и долж нејзе се пренесе електрохемиски импулс, таа моментално станува попермеабилна за натриум отколку за калиум. Токму таа брза промена во пермеабилноста на мембраната за обете јони е причина што електрохемискиот импулс се пренесува долж нервните и мусклулните влакна. ПоврзаноЛитератураArthur C. Guyton, M.D, Учебник по медицинска физиологија. |
Portal di Ensiklopedia Dunia