Менка ГрујоскаМенка Трајкова Грујоска ( 1888 во Раково, Леринско — 19 декември 1942 во Битола) — учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописВо 1920 година се преселила од село Раково во Битола. Со одпочнувањето на вооруженото востание го ставила својот дом на располагање на партиската организација во Битола. Покрај нејзиниот син Трајче, (член на СКОЈ и КПЈ од 1939 и член на Месниот Комитет на СКОЈ - Битола во 1941), Менка била упатена во сите манифестации на НОД во градот. Во нејзиниот дом престојувале илегалци, се чувало дел од собраното оружје и дел од партиската техника и летоци, во примитивната скривница, nодготвена за таа намена. Нејзината активност била тесно поврзана со активноста на нејзиниот син, надраснувајќи го мајчиното чувство и станувајќи негов доследен соборец.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia