Менка Дојчиновска

Менка Дојчиновска (15 март 1900 во Полчиште — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Активно и организирано учествувала во НОД од ноември 1941 година. Својата куќа ја ставила на располагање на партиската организација. Чувала илегалци. Учествувала во собирната акција за чорапи и истите ги предавала на Првата македонско-косовска и Втората македонска ударна бригада. Поради својата активност окупаторот ја прогонувал и затворил. Во полицијата била задржана една недела. Во почетокот на 1944 година со организирање на одборот на АФЖ вo селото Полчиште била избрана за претседателка, а во 1945 за член на Околискиот одбор на АФЖ и за негов претседател.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1050–1051.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya