Менливост (биологија)Во биологијата, менливоста е еден од најважните фактори на еволуцијата, што се јавува како причина за големата разнообразност во живата природа. Кај живите организми разликуваме ненаследна или фенотипска менливост и наследна или генотипска менливост. Во ненаследната менливост се опфатени измените што се појавуваат во текот на поединечниот развиток на организмите под влијание на факторите на животната средина и кои при половото размножување не се пренесуваат на потомството, бидејќи не се задржуваат. Во наследната менливост се опфатени измените на својствата и особините на организмите што не се губат, а се пренесуваат на потомството. Според ова, во ненаследната менливост, измените на организмите се фенотипски, а во наследната тие се генотипски. |
Portal di Ensiklopedia Dunia