Мери Џеј Блајџ
Мери Џејн Блајџ (англиски: Mary Jane Blige; родена на 11 јануари 1971 година) [2] позната како Мери Џеј Блајџ (Mary J. Blige) ― американска пејачка, текстописец и глумица. Честопати се нарекува „Кралица на хип-хоп соулот“ и „R&B кралица“; Мери Џеј Блајџ има освоено девет Греми награди, Еми награда, четири Американски музички награди, дванаесет NAACP награди и дванаесет Билборд музички награди, меѓу кои и Наградата за икона на Билборд. Била номинирана за три награди Златен глобус и две награди Оскар, една номинација за споредната улога во филмот „Мадбаунд“ (2017) и уште една за нејзината оригинална песна „Mighty River“, со што станала прва личност номинирана за глума и пишување песни во истиот година. Живот и кариера1971–1991: Ран живот и почетоци на кариератаМери Џеј Блајџ е родена на 11 јануари 1971 година, во Бронкс, Њујорк. Мајка ѝ Кора била медицинска сестра, а татко ѝ Томас Блајџ бил џез-музичар. Раното детство го поминала во Ричмонд Хил, Џорџија,[3][4] каде пеела во пентекостална црква.[5] Подоцна со семејството се преселила во Јонкерс во Њујорк.[6] Откако нејзиниот татко го напуштил семејството кон средината на 1970-тите нејзината мајка го издржувала семејството.[7] Татко ѝ бил ветеран од Виетнамската војна и страдал од посттрауматско стресно растројство и алкохолизам.[6] Сакајќи да започне музичка кариера, Блајџ кратко време била член на бенд од Јонкерс - Pride. Во 1989 година потпишала за Uptown Records како резервен вокал за уметници,[8] и станала најмлад уметник и прва жена која потпишала со продукциската компанија.[5] 1992–1996: What's The 411? и My LifeОткако потпишала за Uptown, Блајџ започнала да работи со продуцентот на плочи Шон Комбс, познат и како Паф Деди.[9] Тој станал извршен продуцент и го продуцирал најголемиот дел од нејзиниот прв албум.[10] На 28 јули 1992 година, Uptown / MCA Records го објавил What's the 411?, кој бил добро примен од критичарите.[11] Со албумот Мери Џеј Блајџ се етаблирала како динамичен раскажувач чиишто изведби на љубовниот наратив се засноваат на нејзините музички влијанија и на нејзините искуства како жена од хип-хоп генерацијата.[12] Албумот се искачил на шестото место на Билборд 200, и на врвот на топ листите за ар-ен-би/хип-хоп албуми.[13] Бил трипати сертифициран за платинест од RIAA. Блајџ станала најуспешна нова R&B музичарка во САД за 1992 година.[14] По успехот на нејзиниот деби албум и ремикс верзијата од 1993 година, Блајџ зимата 1993 година започнала да го снима својот втор албум, My Life.[15] Блајџ во тој период била во клиничка депресија, се борела со дрогата и со алкохолот - а била и во навредлива врска со Кеј-Си Хејли.[16][17] На 29 ноември 1994 година, Uptown/MCA го објавил албумот My Life кој исто така добил позитивни критики. Албумот се искачил на седмото место на американскиот Билборд 200 и на првото место на топ листите за ар-ен-би/хип-хоп албуми; во првата недела се продал во 481.000 примероци и останал на врвот на топ-листата за R&B/хип-хоп албуми цели осум недели. Во 2002 година, магазинот Blender на својата листа од 100 најдобри американски албуми на сите времиња го рангирал албумот My Life на 57-то место.[18] Следната година, Ролинг Стоун го ставил на 279 место на нивната листа 500 најдобри албуми на сите времиња,[19] и во 2006 година, албумот се нашол на листата од 100 најдобри албуми на сите времиња од магазинот Тајм.[20] Во 1996 година го снимила синглот „Not Gon' Cry“, како саундтрак за филмот Waiting to Exhale. Синглот се продал во платинест тираж се искачил на второ место на Billboard Hot 100 и на прво место на Hot R&B/Hip-Hop Songs. Истата година Блајџ била номинирана за Греми во две категории, а ја освоила наградата за најдобра рап изведба од дуо или група за дуото со Метод Мен - „ I'll Be There for You/You're All I Need to Get By “. Набргу потоа, Блајџ го пеела рефренот во пробивниот сингл на Џеј Зи, „Can't Knock the Hustle“, од неговиот деби албум Reasonable Doubt (1996). 1997–2000: Share My World и Mary![]() На 22 април 1997 година, MCA Records го издала третиот албум на Мери Џеј Блајџ, Share My World. Албумот бил направен во време кога Блајџ се обидувала да си го „среди животот“, и се обидувала да прекине со дрогата и алкохолот, како и да стави крај на врската со Хејли. Во февруари 1997 година, Блајџ била номинирана за најдобра женска R&B вокална изведба за песната „Not Gon' Cry“. На почетокот од 1998 година, на Американските музички награди ја освоила наградата за „Омилен соул/Р&Б албум“. Летото тргнала на турнеја „Сподели го мојот свет“, од која произлегол албум во живо објавен подоцна истата година, насловен „The Tour“. На 17 август 1999 година Мери Џеј Блајџ го објавила четвртиот албум, под наслов Mary. Со овој албум отстапила од нејзината музика ориентиран кон хип хоп; овој албум имал поприбрана, каприциозна и позрела збирка песни, кои потсеќаат на соулот од 1970-тите до раните 1980-ти. Албумот бил критички пофален, станал дотогаш нејзин најноминиран албум и се продал во двоен платинест тираж. Во 2001 година, била објавена компилација само за Јапонија, Балади. Албумот содржел препеви на песната „Overjoyed“ од Стиви Вондер, „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman “ од Арета Френклин и „Misty Blue“ од Дороти Мур. Во 1999 година, Џорџ Мајкл и Мери Џеј Блајџ ја препеале песната „As“ напишана од Стиви Вондер. 2001–2004: No More Drama и Love & Life![]() На 28 август 2001 година, MCA го издала петтиот студиски албум на Блајџ, No More Drama. Првиот сингл на албумот, „Family Affair“ (продуциран од д-р Дре ) станал нејзин прв и единствен сингл кој се искачил на првото место на Billboard Hot 100, каде што останал шест последователни недели. Иако албумот се продал во речиси два милиони примероци во САД, MCA била незадоволна продажбата, и го препакувала и повторно го објавила албумот на 29 јануари 2002 година. Повторното објавување No More Drama имала нова обвивка, биле избришани три песни од оригиналната верзија, и биле додадени две сосема нови песни. Блајџ добила Греми за „Најдобра женска R&B вокална изведба“ за песната „He Think I Don't Know“. Во април 2002 година, на шоуто VH1 Divas во живо во Лас Вегас, Блајџ заедно со Шакира ја испеала песната „Love Is a Battlefield “, а исто така ги извела „ No More Drama “ и „Rainy Dayz“ во дует со повратничката Витни Хјустон. На 22 јули 2002 година, MCA го објавила Dance for Me, збирка од клубски ремикси на некои од нејзините поранешни хитови. На 26 август 2003 година, шестиот албум на Блајџ Love & Life беше издаден од Geffen Records (која ја купила MCA Record) Блајџ за овој албум соработувала со нејзиниот поранешен продуцент Шон Комбс. Поради нивниот успех со What's the 411? и My Life, очекувањата од овој албум по повторното обединување биле големи. Иако албумот дебитирал на првото место на Билборд 200 и бил четврти последователен албум на Блајџ во топ десет во Обединетото Кралство, носечкиот сингл „Love @ 1st Sight“ продуциран од Диди, а отпеан со Метод Мен, едвај се пробил меѓу првите десет на Hot R&B/Hip-Hop Songs, а не се нашол ни меѓу првите дваесет на Hot 100. Следниве синглови, „Ooh!", "Not Today" "Whenever I Say Your Name" со Стинг, и "It's a Wrap" поминале уште полошо. Овој албум станал прв албум на Блајџ по шест години кој дебитирал на првото место на Билборд 200, и во првата недела биле продадени 285.298 примероци.[21] Албумот бил номиниран за најдобар современ R&B албум на 46-те Греми награди. 2005–2006: The Breakthrough и Reflections – A Retrospective![]() Geffen Records го издале седмиот студиски албум на Блајџ, The Breakthrough на 20 декември 2005 година. Дебитирал на првото место на топ листите на Билборд 200 и на листите за топ R&B/хип-хоп албуми. Со продадени 727.000 примероци во првата недела, станал најпродаван R&B албум во првата недела од соло женски изведувач во историјата на SoundScan,[22][23] петти најпродаван албум во првата недела од женски изведувач и четвртото најголемо деби во 2005 година. Водечкиот сингл, „Be Without You“, се искачил на трето место на Billboard Hot 100, и на прво место на R&B листата при што поставил рекорд со петнаесет последователни недели поминати на прво место; на листата се задржал повеќе од шеснаесет месеци. Со The Breakthrough Блајџ освоила девет <i id="mwAfE">Billboard</i> музички награди, две Американски музички награди, две BET награди, две NAACP Image Awards и Soul Train Award. Таа добила осум номинации за Греми награди во 2007 година. „Be Without You“ била номинирана и за „Запис на годината“ и за „Песна на годината“. Блајџ освоила три Греми награди: „Најдобра женска R&B вокална изведба“, „Најдобра R&B песна“ (и двете за „Be Without You“) и „ Најдобар R&B албум“ за The Breakthrough.[24] Блајџ во ноември 2006 година освоила две Американски музички награди,[25] а во декември истата година девет Билборд музички награди.[26] Во декември 2006 година била објавена компилација насловена како Reflections (A Retrospective). Ги содржела најголемите хитови на Блајџ и четири нови песни, меѓу кои била и „We Ride (I See the Future)“. На саундтракот од филмот Боби од 2006 година, Блајџ заедно со Арета Френклин и Harlem Boys Choir ја отпеала главната песна „Never Gonna Break My Faith“ која била напишана од Брајан Адамс. Песната била номинирана за Златен глобус и ја освоила наградата Греми за најдобра госпел изведба на 50-тото годишно доделување Греми награди. 2007–2008: Growing Pains![]() Осмиот студиски албум на Блајџ, Growing Pains, бил објавен на 18 декември 2007 година. Дебитирал на второ место на Билборд 200 и на прво место на топ листите за R&B/хип-хоп албуми. Во својата прва недела бил продаден во 629.000 примероци. Во својата втора недела, албумот се искачил на прво место со што станал четврти број еден албум на Блајџ. Песната „Just Fine“ била номинирана за наградата Греми за „Најдобра женска R&B вокална изведба“, а на наградите Блајџ ја освоила наградата за „Најдобра R&B изведба на дуо или група со вокали “ за дуетот со Чака Кан „Disrespectful“ (од албумот на Кан, Funk This), песна напишана од Блајџ. Блајџ заедно со 50 Cent ја отпеале песната „All of Me“ која се нашла на неговиот албум од 2007 година, Кертис. Во март 2008 година, Мери Џеј Блајџ била на турнеја со Џеј Зи, а заедно ја објавиле песната насловена „You're Welcome“. Во истиот период, кабелската мрежа BET емитувала специјална емисија за Блајџ со наслов Еволуцијата на Мери Џеј Блајџ, во која се обработувала нејзината кариера. Албумот Growing Pains бил номиниран и ја освоил Греми наградата за „Најдобар современ R&B албум“, на 51-те Греми награди одржани на 8 февруари 2009 година, со што Блајџ за само една деценија ја заработила својата 27-ма номинација за Греми. 2009–2010: Stronger with Each Tear![]() Деветтиот студиски албум на Блајџ, Stronger with Every Tear, бил издаден на 21 декември 2009 година. Дебитирал на второ место на Билборд 200 и на прво место на топ листите за R&B/Hip-Hop Албуми. Блајџ ја снимила „Stronger“, како главен сингл од саундтракот за кошаркарскиот документарец „Повеќе од игра“ во август 2009 година. На доделувањето на Греми наградите во 2010 година, Блајџ и Андреа Бочели ја извеле песната „Bridge over Troubled Water“. Блајџ, исто така, учествувала во We Are the World 25 за Хаити во февруари 2010 година, и го испеала делот кој во оригиналната верзија на We Are the World од 1985 година го пее Тина Тарнер. На 41-то издание на NAACP наградите, Блајџ за Stronger with Each Tear ја освоила наградата за најдобар женски изведувач и најдобар албум.[27] На 18 ноември 2010 година, Билборд на својата Топ 50 R&B/хип хоп изведувачи за претходните 25 години ја ставил Мери Џеј Блајџ на прво место. Била на второ место во севкупен пласман.[28] 2011–2013: My Life II... The Journey Continues (Act 1) и A Mary Christmas![]() Во јануари 2011 година, Hot 97 премиерно ја прикажаа песната на Blige „Someone to Love Me (Naked)“ заедно со вокалот од Лил Вејн.[29] Во јули 2011 година, Blige ја објавила песната „The Living Proof“ како главен сингл од саундтракот за филмот Помош (The Help).[30] На 24 јули, VH1 премиерно го прикажал нивниот трет Behind the Music во кој се прикажувал нејзиниот личен живот и кариа. Во август 2011 година, Блајџ го издала својот прв сингл од албумот, „25/8“. Десеттиот студиски албум на Блајџ, My Life II... The Journey Continues (Act 1), бил објавен во ноември 2011 година.[31] Албумот, бил снимен во Лос Анџелес и Њујорк, а бил продуциран од Кање Вест и Андердогс.[32] Вториот сингл „Mr. Wrong“ со канадскиот рапер Дрејк бил најуспешен сингл од албумот. Другите објавени песни, имале само умерен успех. Албумот дебитирал на 5-то место на Билборд 200, и во првата недела биле продадени 156.000 примероци; во 2012 година со продадени 763.000 примероци во САД достигнал златен тираж.[33] На почетокот од 2013 година, се расчуло дека Блајџ снима божиќен албум. Албумот, насловен како A Mary Christmas бил објавен на 15 октомври 2013 година. Во албумот Мери Џеј Блајџ соработува со Барбра Стрејсенд, The Clark Sisters, Марк Ентони и Џеси Џеј. На почетокот од декември, A Mary Christmas станал 12-ти топ десет албум на Блајџ откако во својата осма недела се искачил на 10-то место.[34] 2014–2019: The London Sessions и Strength of a Woman![]() На 17 јуни на Epic Records го објавил Think Like a Man Too (Music from and Inspired by the Film), во кој имало нови песни од Мери Џеј Блајџ, како и синглот „Suitcase“.[35] Блајџ снимила музички сет од филм и инспириран од него. Во Соединетите Држави, Think Like a Man Too дебитирал на 30-то место на Билборд 200, и со 8.688 продадени копии во првата недела станал нејзин најслабо продаван студиски албум.[36] На 9 јули 2014 година, било објавено дека Блајџ ќе се пресели во Лондон за да експериментира со нов звук за нејзиниот нов албум.[37] Блајџ поминала еден месец во Лондон и го снимала својот албум во студиото RAK. Десет нови песни, ко-напишани и снимени од пејачката, биле објавени на 24 ноември 2014 година, во албум насловен The London Sessions.[38] Истиот месец таа објавила дека ги напуштила Гефен и Интерскоп и потпишала со Капитол рекордс. На 28 април 2017 година, бил објавен нејзиниот тринаесетти студиски албум „Strength of a Woman“.[39] Се искачил на трето место на Билборд 200, на второто место на топ листите за R&B/хип-хоп албуми.[40] На 23 јуни 2019 година, на BET наградите, ја добила наградата за животно дело за нејзиниот извонреден придонес во музичката индустрија.[41] На 25 јуни, списанието Њујорк Тајмс ја навел Мери Џеј Блајџ меѓу стотиците уметници чиј материјал бил уништен во пожарот на Универзал во 2008 година.[42] 2021 – денес: Good Morning Gorgeous и соработка со Д-р ДреВо јуни 2021 година, Блајџ со објавување на документарниот филм „Мојот живот од Мери Џеј Блајџ“ во режија на Ванеса Рот ја прославила 25-годишнината од нејзиниот албум „My Life“ (Мојот живот).[16][43] Во декември 2021 година, било објавено дека Блајџ основала сопствена продукциска куќа Мери Џејн Продукција. По ова објавувила два нови сингла, „Good Morning Gorgeous“ и „Amazing“ со диџеј Калед. Песните се сместени на четиринаесеттиот студиски албум на Блајџ насловен Good Morning Gorgeous, кој бил објавен на 11 февруари 2022 година.[44] На 17 февруари, Блајџ во радио емисијата <i id="mwA1M">The Breakfast Club</i> изјавила дека работи на албум кој ќе биде целосно продуциран од Д-р Дре.[45] Во мај 2022 година, TIME ја навел Мери Џеј Блајџ меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.[46] Во септември 2022 година, ѝ била доделена наградата „Еми за ударен термин“ за шоуто на полувремето на 56-тиот Супер Боул.[47] Актерска кариераДискографијаСтудиски албуми:
ТурнеиСопствени
Заеднички
Поддршка
ФилмографијаФилм
Телевизија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia